Оливија Њутон-Џон ја продала јакната од „Брилијантин“ за да се лекува од рак, еден месец подоцна ѝ била вратена ВИДЕО

- Јакната не би требало да биде во орманот на некој милијардер кој само би се фалел со неа - изјавил купувачот.

570

Актерката и пејачка Оливија Њутн-Џон во ноември се „раздели“ од својата сакана кожена јакна од филмот „Брилијантин“ која го одбележа нејзиниот лик Сенди, но сега во орманот таа повторно го поседува омиленото парче облека.

Имено, купувачот кој на аукција минатиот месец ја купил црната кожна јакна, одлучил да ѝ ја врати на Оливија.

Таа веќе долги години се бори со ракот, а во ноември лани, опасната болест повторно ѝ се вратила по третпат. Тогаш актерката раскажала дека не сака да знае уште колку време ѝ преостанува и дека шансите за лекување се мали. Поради тоа, Оливија на почетокот на ноември одлучила да организира аукција на која ќе продава предмети од својата долгогодишна кариера за да собере пари за лекување од ракот. На аукцијата, помеѓу 500-те одбрани предмети се нашла и кожената јакна која таа ја носеше во „Брилијантин“, а нејзината почетна цена била 200.000 долари.

– Воопшто не сум тажна и ќе се разделам од тие работи. Тоа се само предмети и се обидувам да не се врзувам за нив. Ќе ги задржам во сеќавањето убавите спомени и фотографиите – изјавила актерката во таа прилика.

Но, анонимниот купувач ја развеселил 71-годишната Оливија така што ѝ ја подарил назад нејзината јакна и донирал дополнителни 185.000 фунти во центарот за лекување на рак во Австралија, кој таа го отворила во 1992 година кога за првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка.

– Јакната не би требало да биде во орманот на некој милијардер кој само би се фалел со неа – изјавил купувачот.

Јакната и црните панталони кои Оливија ги носеше во текот на дуетот со Траволта во песната “You’re The One That I Want” се продавале посебно, достигнувајќи двојно повисока цена од очекуваната.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...