Оливер Дерковски и официјално предложен за претседател на ДИК

952

Пратениците вечерва ќе гласаат за новиот состав на Државната изборна комисија која треба да го спроведе референдумот. ВМРО ДПМНЕ го предлага  Оливер Дерковски за претседател,  а за член Елизабета Постоловска.

СДСМ ги предлага Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски. Кандидат за член на ДИК од редовите на ДУИ е Димире Шеху, а БЕСА и Алијансата за Албанците треба да предложат еден заеднички член.

Членовите на комисијата за избори и именувања кои вечерва одржаа седница, ја испратија листата со сите 47 пријавени кандидати за членови на ДИК до претседателот на Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...