Оливер Драгојевиќ беше голем борец за заштита на убавините на Јадранот и во една прилика упати и апел до хрватската влада да не помислува да го загадува морето со отрови.
-Апелирам до Владата да бидеме разумни. Многу заработуваме од туризмот и не треба да размислуваме за нафтени бушотини. Морето и нафтата не одат заедно. Не дај Боже да се случи нешто, како изливање на нафта или гас, ние сме готови! Кому воопшто може да му падне на ум такво нешто? Не знам што им е. Не го сакам зборот цунами, но може морето еден ден да ни врати за тоа – изјави Оливер во едно интервју во кое сликовито се изрази дека според него „Владата е брод во кој капетанот мора да замине, ако на патниците им се повраќа“.