Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов, кој на оваа функција беше само 24 часа, попладнево имал сообраќајка во Скопје.
Од МВР велат дека околу 15.45 часот, на булеварот АСНОМ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило „опел астра“ со скопски регистерски таблички, управувано од О. А. и возило „сеат“ со скопски регистерски таблички, управувано од А.М.
Во сообраќајката има повредена жена со иницијали М.С., која е пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.