Олдтајмери и класични мотоцикли утре на „Skopje clаssic day“

80

Во Скопје утре ќе се одржи „Skopje classic day“, меѓународен настан на кој љубителите на олдтајмери ќе можат да погледнат 55 автомобили и 30 класични мотоцикли постари од 35 години.

Настанот се организира втора година по ред, а изборот на автомобилите и мотоциклите е направен од страна на клубот „Gentleman’s crew“, кој е организатор на манифестацијата.

Годинава, потврдено е учество на колекционери од пет држави, а бројката на возила коi ќе бидат гости надвор од нашата држава изнесува 25.

– Оваа година организациски настанот оди едно скалило погоре, за што се погрижи хотелот „Александар палас“ во Скопје, кој е домаќин на собирот. И овој пат, главната идеја за организирање на настанот е да се соберат на едно место префинети примероци на историски возила од регионот и пошироко, и во една лежерна атмосфера да се ужива во убавата музика, мода и вино, кои ќе претворат овој ден на убавината и елеганцијата, во ден на вистинско уживање – велат организаторите.

Изборот на најдобар автомобил и мотоцикл ќе го прави тричлено стручно жири, кое ќе ги оценува возилата поделени во класи. Претседател на жирито е професор Харалд Лешке, поранешен главен дизајнер на Mercedes-Benz и тим лидер во проектот на суперавтомобил Maybach Excelero.

Меѓународна нота на настанот му дава и вклученоста во светската недела на класични мотоцикли организирана од (FIVA) – Меѓународна федерација на историски возила. Клубот „Gentleman’s crew“ во соработка со „FIVA“ се вклучува во празнувањето на оваа недела на класични мотоцикли и сите учесници кои ќе ги претстават своите мотоцикли на „Skopje classic day“ ќе добијат специјален беџ за учество.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...