Олдтајмерите „пежо 404“ се построија пред Спасовски и Тимоние (ФОТО)

796

Односот кон старото, кон она што е минато, најдобро говори за степенот на респектот на вредностите што низ годините преку секоја наредна генерација се пренесуваат до денес. Во таа смисла она што денес се нарекува „олд тајмер“ всушност почива на истите базични критериуми и принципи и карактеристики што и денес се основи на производство, а во овој случај производство во автомобилската индустрија.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на второто дефиле на автомобили од марката „пежо 404“ произведени меѓу 1968 и 1973 година.

Активноста што е дел од настаните организирани низ целиот свет, посветени на зачувувањето на културното и технолошкото наследство е поддржана од француската амбасада.

Спасовски рече дека МВР во годината зад нас драстично го зголемило бројот на сообраќајни контроли, како и бројот на преземени репресивно нормативни мерки во споредба со 2017 и 2016 година. Само по однос на алкотестирањето на возачите, седумкратно е засилена контролата во споредба со 2.200 контроли направени во 2017 година.

Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, истакна дека автомобилите „пежо“ се дел од историјата на Франција и се возила со докажан квалитет.

– Би сакал да истакнам дека бројот на туристи во Северна Македонија се зголемува во летните месеци. Тие доаѓаат главно од земјите членки на ЕУ и важно е да им се покаже дека во Северна Македонија се почитуваат принципите на внимателност – истакна Тимоние.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...