Околу 7.000 луѓе протестираа пред Владата во Романија

73

Илјадници Романци синоќа излегоа на улиците на Букурешт и други градови во знак на протест поради владиниот указ со кој, спорeд тврдењата на критичарите, се загрозува независноста на обвинителството и се ослабува борбата против корпуцијата.

Пред зградата на Владата во Букурешт се собраа околу 7.000 луѓе, а демонстрантите извикуваа „Правда, не корупција“, „Судии не се откажувајте“ и „Срамота“.

Владата на премиерката Виорика Данчила минатиот вторник усвои закон со кој се ограничуваат овластувањата на генералниот обвинител, и се формира ново тело кое добива дополнителни овластувања.

Европската комисија и американскиот Стејт департмент предупредија дека измените на законот за правосудство ја загрозуваат независноста на правосудството.

Романија постојано се рангира како една од најкорумпираните држави во ЕУ, а Брисел воведе посебни контролни мерки за државата откако стана членка на Унијата во 2007 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...