Околу 20.000 млади на пат околу Европа со пари од ЕУ

274

Речиси 95.000 млади луѓе се пријавиле за бесплатно патување за запознавање со Европа, соопшти Европската комисија.

Околу 20.000 кандидати на возраст од 18 години се избрани и тие ќе може да патуваат меѓу 1 август 2019 и 31 јануари 2020 година за рок од 30 денови на сметка на буџетот на ЕУ.

Избраните ќе можат да патуваат поединечно или во групи од пет лица. Повеќето од нив ќе прават обиколка со воз.

Минатата година, ЕУ издвои 12 милиони евра од својот буџет за патување на околу 30.000 млади луѓе. За оваа година, буџетот изнесува 16 милиони евра.

Ако институциите на ЕУ го одобрат целосно предлогот на Комисијата од 2021 до 2027 година, уште 1,5 милиони млади луѓе на 18 години ќе можат да патуваат бесплатно според истата програма.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...