Во центарот на Скопје почна централната манифестација по повод православниот празник Богојавление -Водици. Пред илјадниците насобрани граѓани на кејот на Вардар се обрати поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
Според најавите, за фаќање на Светиот крст во реката Вардар се пријавени над 130 верници. Манифестацијата се одржува на мостот во близина на зградата на МНР.