Околу шесто хектари шума и пасишта горат на седум километри од Пехчево (ФОТО)

1781

Околу шесто хектари шума и пасишта горат на седум километри од Пехчево, за Плусинфо вели Марјан Митриновски, дипломиран шумарски инженер.

– Трет ден со надчовечки напори се бориме да го локализираме пожарот кој се шири во правец на туристичката населба Равна Река, но без успех. Ветерот им е сојузник на огнените јазици – рече Митриновски.

На лице место со огнените јазици се справува шумската полиција од Пехчево и вработените во „Равна Река“ Пехчево.

Пожарот почнал од село Спиково.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...