Оздравени се над 19 отсто од лицата заразени со Корона, а 2,7 проценти се починати

195

Според податоците на здравствените власти во Кина бројот на лица кои се излекувани од новиот коронавирус  достигна до 19 отсто, додека 2,7 проценти  од заболените се починати, а останатиот број заразени  се под лекарски надзор.

Според статистиката на централната власт во Кина, околу 15 отсто од заболените се во тешка состојба, а 3,2 проценти од заболените се во критична состојба.

Портпаролот на кинеската државна здравствена комисија, Ми Фенг истакна дека трендот на ширење на вирусот постепено се намалува.

Главниот медицински лекар на специјализираната болница за третман на коронавирусот во Вухан, Ван Синхуан истакна дека епидемијата во Кина го достигнала својот врв и бројот на заболени ќе почне да се намалува. Тој додаде дека ситуацијата ќе се подобри во блиска иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...