Светската фудбалска асоцијација планира да наметне ограничувања за изнајмување на играчи – објави „Тајмс”.
Според британскиот весник, нацрт-законот предвидува дека секој клуб ќе биде во можност да спроведе операции за изнајмување за шест до осум играчи – не повеќе. Новината ќе се воведе од сезоната 2020/21.
Со лимитот за позајмени фудбалери, ФИФА очекува да се зголеми транспарентноста на пазарот.
ФИФА има намера да забрани давање повеќе од двајца играчи за изнајмување на еден клуб. Овие промени можат да создадат проблеми за голем број клубови. На пример, само Челзи има 39 играчи со договори и многу од нив се позајмени на други клубови.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...