Министерството за внатрешни работи од 13 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајницата пред Владата поради најавен протест.
Од тие причини сообраќајот ќе биде пренасочен на булеварот „Илинден“ на потегот до крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „ВМРО“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“, соопшти МВР.
Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.