Од 1 јули за секоја фискална сметка 15 отсто повраток на ДДВ

4273

Од 1 јули за секоја фискална сметка, ќе има 15 проценти повраток на ДДВ за секој граѓанин, најави премиерот Зоран Заев на трибината во Велес со наслов „Силна економија – шанса со сите”

– Од 1 јули го стартуваме концептот повраток на ДДВ, односно од секоја издадена фискална сметка секој граѓанин ќе има 15% повраток на средствата. Проекцијата е дека најмалку 150 милиони евра годишно ќе се вратат назад кај граѓаните. Ова е само почеток на економските мерки, не застануваме тука. Ги враќаме парите назад кај граѓаните” –  изјави премиерот Заев на трибината во Велес со наслов „Силна економија – шанса со сите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...