Од 1 јануари за 10 отсто повисоки плати за вработените во образованието

Повисоки плати ќе добијат околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции.

1112

Над 32 илјади вработени во образованието и науката од 1 јануари ќе добијат повисоки плати за 10 проценти.

Спогодбите за тоа беа денеска потпишани во владата меѓу Самостојниот синдикат на образование наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука.

Повисоки плати ќе добијат околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции.

Со ова, како што изјави министеот за образование Арбер Адеми, се подобрува материјалниот статус на вработените во образованието, но најави дека и во следниот период ќе се работи на подобрување на дигнитетот на наставниците и професорите.

Од СОНК се задоволни од постигнатото за покачувањена платите, но она што останува да се сравботи во следниот период е потпишување на колективен договор за високото образование, измени на колективните договори за основно и средно образование, враќање на регресот за годишен одмор, враќање на надоместокот за превоз за наставниците, кои одат на работа во руралните средини и плаќање на прекувремената работа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...