Фејсбук ги избриша сите приватни пораки кои ги праќал извршниот директор Марк Закерберг, како и многу членови на извршниот менаџмент во текот на изминатите години.
Бришењето на пораките не е опција која Facebook ја нуди на другите корисници, иако WhatsApp дозволува можност пораката да се избрише трајно.
Фејсбук вели дека оваа одлука ја донеле по познатото хакирање на мејловите на Сони во 2014 година, и поради загриженоста дека по неодамнешниот скандал околу протекувањето податоци и Facebook ќе стане жртва на хакери.
Иако Facebook, нуди опција да ја избришите сопствената порака, пораката на праќачот сепак останува. Но, во случајот на Закерберг и одредени компании избришани се пораки со кои се допишувал.
Пораките на Закерберг во главно биле упатени кон членови на комапнијата, но и поединци кои работат во фирмата.