Судот во Њујорк ја осуди Ана Сорокин на затворска казна од четири до 12 години затвор. Сорокин лажно се претставувала како германска наследничка и милионерка, лажејќи ги банките и хотелите во Њујорк.
Ќе биде побарано Сорокин да биде депортирана во Германија, бидејќи нејзината виза истекла уште во 2017 година.
Дваесет и осумгодишната девојка е прогласена за виновна поради тоа што со низа измами стекнала 200.000 долари и осудена е за дело тешка кражба.
Обвинителството навело дека Сорокин се обидела да украде уште неколку милиони со други измами.
Повеќе за Ана Сорокин прочитајте овде.
ФОТО: The Guardian