Од утринската до дневната повеќе од 10 степени разлика

180

Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец ќе преовладува денеска во Македонија.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната ќе биде во интервалот од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степени.

Во следниот период ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...