Од утре Скопје домаќин на Балканско училишно првенство за одбојкарки

Македонската престолнина следните три дена (7-10 јуни) ќе биде домаќин на Балканското училишно првенство во одбојка за ученички од основни училишта.

159

Македонската престолнина следните три дена (7-10 јуни) ќе биде домаќин на Балканското училишно првенство во одбојка за ученички од основни училишта.

Како и изминатите години, така и оваа, посебен акцент на училишниот спорт става Агенцијата за млади и спорт (АМС) и поради тоа ќе го помогне овој настан финансиски и логистички.

– Секогаш кога е во прашање спортот, може да сметате на наша помош од секаков аспект. Ви стоиме на располагање и подготвени сме да ви дадеме гаранции дека ќе сториме се што е во наша можност Македонија и во иднина да добие вакви натпреварување, им се обрати директорот на АМС, Дарко Каевски на претставниците на Федерацијата за училишен спорт на Македонија (ФУСМ).

Организаторот на првенството, Федерацијата за училишен спорт на Македонија која во текот на целата учебна година имаше обемни и континуирани активности е подготвена за почеток на шампионатот.
-Завршницата ги дава финалните резултати меѓу кои посебен акцент се става на можноста за откривање на таленти за одредени спортски дисциплини и подигнување на свеста кај младите за позитивните ефекти од спортот, смета проф. д-р Александар Туфекчиевски, претседаетл на ФУСМ.

На Балканско училишно првенство во одбојка за девојки до 15 години, ќе учествуваат екипи од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

Натпреварите ќе се играат во салата „Градски парк“. Почнуваат в петок во 9 часот. Истиот ден во 12 часот ќе биде Свеченото отворање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...