Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го доставил известувањето од судот за пресудата на пратеникот Никола Груевски до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, објави порталот НОВА ТВ.
Претседателот Павле Богоевски сега има рок од 15 дена да закаже седница. Рокот почнува од утре.
Според информации на НОВА ТВ, во известувањето кое го испратила судијката Добрила Кацарска до Собранието, се наведува дека пратеникот е осуден на правосилна казна затвор од две години.
Комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да одлучи дали пратеникот Груевски по ваквата пресуда е „недостоен за вршење на пратеничката функција“ што е еден од условите според собранискиот Деловник за одземање на пратеничкиот мандат.
Повеќе можете да прочитате ТУКА.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI