Облачно и нестабилно, со врнежи, грмежи и силен ветер, ќе биде времето во наредните денови. Како што информира УХМР, земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови.
„Утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 литри. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град“, наведува Управата.