Од утре попладне пак ќе врне, за викендот пообилни врнежи и грмежи

228

Облачно време со врнежи од дожд и вретер од јужен правец не очекува од утре и за време на викендот. Меторолозите најавуваат пообилни врнежи во сабота над 20 л/м2, кога ќе има и услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Оттаму најавуваат дека утре кон крајот на денот и во сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец.

Минималната температура утре ќе се движи од минус пет до еден степен, во сабота од три до девет, во недела од три до седум и во понеделник од минус два до пет степени.

Максималната температура утре ќе се движи од шест до 17 степени,  во сабота од 11 до 17, во недела од девет до 17 и во понеделник од 10 до 18 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...