Од утре е забрането плаќање во готово за стоки и услуги во износ над 2.000 евра во денарска противвредност, според најновите измени на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам објавени неодамна во Службен весник.
Претходниот праг за плаќање во готовина беше 15.000 евра.
Од 1 јануари 2019 година износот за плаќање во готово ќе се намали на 1.000 евра, а од 1 јуни в година тој износ ќе се намали на 500 евра во денарска противвредност.
Забраната важи за плаќањата на физичките и на правните лица.
Примената на оваа законска забрана, која се прави со цел да се намали сивата економија во земјата, ќе ја контролира Управата за јавни приходи.