Лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ се отвора утре со најдобри услови досега и најдобро подготвен мраз по светски стандарди.
– Не очекуваат многу натпревари во хокеј и уметничко лизгање, за кое годинава ќе има двајца професионални тренери. Ќе има и повеќе термини за рекреација, а цените остануваат исти – 150 денари со изнајмени лизгалки и 100 денари со сопствени.
Наутро ќе се одржуваат тренинзи по уметничко лизгање, а рекреативно ќе може да лизгате од 10 – 22 со мали паузи од 16 – 19 кога ќе има хокеј тренинзи.
За викенд целодневно ќе може да уживате во рекреативното лизгање.