Од утре летно работно време на зонското паркирање во Скопје

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

430

Градски паркинг Скопје соопшти дека од утре, 1 јуни, почнува летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ова јавно претпријатие.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

– Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно со наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување – соопшти Градски паркинг Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...