Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира во периодот од утре до 7 јули од 23 до 4 часот наредниот ден, информира Градот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши кога ќе бидат поволни временските услови.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.