Од утре вакцинација против морбили во сите училишта

263

Од утре ќе има теренска вакцинација во основните и во средните училишта, информира денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.

– Во постојана комуникација сме со министерот за здравство и навистина станува збор за алармантна ситуација. Така што сме во фаза на изнаоѓање што подобро законско решение и во Законот за основно образование, каде што при упис во основните училишта треба да се приложи аргумент дека вакцините се примени. Но, секако, секоја наша одлука треба да биде во насока и во согласност и со уставните одредби каде што основното образование е задолжително и со вредноста дека треба да се запази да не се загрозува јавното здравје на било кој – вели Адеми.

Министерот вели дека во оваа насока ќе бидат нивните решенија, законски и подзаконски, но ситуацијата со морбилите, како што рече, станува алармантна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...