Од струен удар почина работник од Радовиш

Полицијата соопшти дека станува збор за А.Р. (59) од село Воиславци.

175
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Работник во рудник во Радовиш вчера починал од струен удар додека изведувал работи на трафостаница, информира МВР.

Полицијата соопшти дека станува збор за А.Р. (59) од село Воиславци.

Увид на местото извршиле јавен обвинител, трудов инспектор, инспектори од Државен инспекторат за електрика и опрема во рударството и екипа на Полициската станица Радовиш. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...