Од срцев удар на 37 години почина поранешен репрезентативец на Хондурас, Мартинез

175

Поранешниот репрезентативец на Хондурас, Вaлтер Мартинез, почина на 37-годишна возраст, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на информации од неговиот поранешен клуб, Беижинг Гуан. Напаѓачот починал во Њујорк по срцев удар во понеделникот.

Мартинез беше клучна фигура во тимот на Хондурас, кој се квалификуваше на СП 2010 година по втор пат во својата историја. Тој има 49 натпревари и 12 голови за својата земја.

Во својата 18-годишна кариера како професионален фудбалер, Мартинез играше за екипите на американскиот Сан Хозе и на шпанскиот Алавеш, пред да се повлече во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...