Од среда, 29.1.2020 година, учениците од основните училишта на територијата на Општина Аеродром од среда (29.1.2020 година) ќе почнат да добиваат топол оброк.
Како што соопшти општината избраа е фирма за подготовка на топол оброк за учениците кој ќе биде со иста цена како и минатата година иако данокот годинава е 18 отсто наместо 5 отсто.
„Добиено е известување од Управата за јавни приходи дека данокот оваа година ќе изнесува 18 отсто, за разлика од минатата година, кога родителите плаќаа по 5 отсто, така што цената за топол оброк ќе биде зголемена. Со цел да им излеземе во пресрет на родителите, донесена е одлука разликата во цената да се субвенционира од општинскиот буџет за 2020 година, што значи дека и оваа година родителите ќе плаќаат иста сума како и минатата година, односно 1 500 денари месечно“, соопштина од општина Аеродром.