Сите лица коишто се во социјален ризик од среда да се пријавуваат во надлежните центри за социјални работи за да може може да ги добијат новите надоместоците предвидени со социјалната реформа. Исплатата на социјалните права според новите закони почнува во текот на идниот месец, а помошта се зголемува за околу 300 отсто, повика денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на прес конференција.
Повикот се однесува на сите коишто досега примале социјална помош, домаќинствата со деца коишто се со една минимална плата, невработени родители коишто чувале деца со попреченост, а се над 62 години за жена и 64 години за маж, и лица над 65 години коишто не оствариле право на старосна пензија, поради тоа што немат доволно години стаж, вклучувајќи ги и тие без ден работен стаж.
„Среќна сум што ја стартуваме социјалната реформа со која на околу 30 илјади домаќинства им помагаме да излезат од сиромаштија. Ги унапредуваме правата на лицата со попречености и нивните семејства и работиме на намлување на детската сиромаштија со поправедна распределба на средствата. Со оваа реформа го целосно го преобразуваме општетсвото, гарантираме достоинствен живот за најранливите и активација на пазар на труд на работоспособните. Нашата крајна цел е секој од нив да најде работа, бидејќи само со вработување се излегува од сиромаштија“, изјави министерката Царовска.
Министерката истакна дека со социјалната реформа четири члено семејство со две школски деца ќе земаат месечен надоместок од 10.600 денари. Ова е семеен пакет кој што ги содржи правата од гарантиран минимален приход, детскиот и образовниот додаток и енергетскиот додаток. Истото семејство сега најечесто земаше социјална помош од околу 3.000 денари.
„Секое дете ни е важно и заслужува еднаков старт во животот. Со социјалната реформа, односно со законот за детска заштита правото на користење на детскиот и обраовниот додаток го проширивме и на семејствата со минимални месечни примања. Со тоа, за 20 пати се зголемува бројот на деца кои може да ги примаат овие надоместоци“, рече Царовска.
Со реформата за прв пат во државата се воведува социјална сигурност за стари лица. Месечниот надоместок иснесува 6.000 денари, и се очеува да го користат околу 6.000 лица кои не оствариле право на старосна пензија.
За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална сигурност, надоместокот ќе го користи само еден член бидејќи станува збор за социјална мерка, а не на право поврзано со пензискиот систем.
За лицата со попреченост и за нивните семејства со реформата се развиваат неколку нови услуги. Една од нив е одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за лица со попреченост. Новина во законот е тоа што правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата. Се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега.
Фактот што социјалната реформа се подготвуваше во широка консултација со сите засегнати страни и експерти и поддршката на истата од пратениците коишто ја изгласаа е доказ дека оваа Влада се грижи за секој граѓанин и создава услови за достоинствен живот во општетсвото.