Од следната година повисоки стапки на придонесите за пензиско и здравствено

Новите стапки на придонесот за задолжително пензиско осигурување од 2020 година ќе изнесува 18,8 отсто, а придонесот за задолжително здравствено осигурување ќе се плаќа по стапка од 7,5 отсто. 

1386

Измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со кои се предлага зголемување на стапката на придонесите, се пуштени во собраниска процедура. Владата предлага овие измени да се донесат по скратена постапка.

Предвидено е постепено зголемување на стапките на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување.

Во 2019 година стапката за задолжително пензиско и инвалидско осигурување ќе иснесува 18,4 отсто, додека за задолжително здравствено осигурување ќе изнесува 7,4 отсто.

Новите стапки на придонесот за задолжително пензиско осигурување од 2020 година ќе изнесува 18,8 отсто, а придонесот за задолжително здравствено осигурување ќе се плаќа по стапка од 7,5 отсто.

Сегашната стапка на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување изнесува 18 отсто, а придонесот за задолжително здравствено осигурување 7,3 отсто.

Во образложението на измените на законот се наведува дека се носат за да се обезбедат постабилни приходи на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...