Стево Пендаровски, по втор пат е кандидат за претседател на Македонија, откако во 2014 година беше поразен од Ѓорѓе Иванов. Еден од „аргументите“ да гласаат граѓаните за него овој пат е дека ќе ја „гура“ државата напред како искусен возач на „југо“, кое често го „гурал“.
Оженет е со Елизабета Ѓеоргиевска со која го имаат синот Огнен, кој наскоро ќе наполни 17 години. На 3 април, дента го прослави својот 56. роденден, во присуство на сопругата и на синот, а вечерта пред полната сала „Борис Трајковски“, каде ја претстави својата изборна програма, му пееја „Среќен роденден, претседателе“.
Неговата сопруга Бети работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошките клиники во Скопје. Таа остави силен впечаток во јавноста со нејзиниот настап на конвенцијата во 2014 година, кога јасно и гласно застана зад Пендаровски кога тој за првпат се кандидираше за претседател. Јавноста ѝ возврати со симпатии и со очекувања дека таа би можела да внесе промени во форматот на идната прва дама во Македонија. Таа често објавува семејни фотографии на својот профил на Фејсбук, а пред околу еден месец го прослави 70. роденден на нејзината мајка.
Бети за Стево вели дека дома е опуштен и духовит човек, како и прекрасен татко кој пред заспивање задолжително му читал стрипови на Огнен.
Пендаровски е љубител на ју-музика: „Бијело дугме“, „Парни ваљак“, „Идоли“, но и на „Леб и сол“, Елвис Присли…
Семејството Пендаровски-Ѓеоргиевска често патуваат заедно. Го прошетале заедно речиси половина свет, а од некои дестинации ни испратија фотографии. Погледнете ги!
Напомена: Забрането е преземање на фотографиите кои се од личната архива на семејството Пендаровски, а се дадени за употреба на порталот Плусинфо и за печатеното издание на „Слободен печат“
Во 2010 година, на патување низ Италија, во еден од музеите на Верона, Стево му го објаснува на Огнен значењето на семејните грбови
Заедничка прошетка низ прекрасните градини и во самиот град во Кентербери, Велика Британија, во 2014 година
Пред почеток на концерт во црквата Martin-in-the-fields во Лондон, во 2014 година, на годишнина од бракот
Огнен во светот на науката во Музејот на наука и технологија во Париз, 2011 година
Пред еден од симболите на светската цивилизација, катедралата Нотр Дам во Париз
Нова година во домашен амбиент пред четири години
Тајмс сквер, Њујорк во своето вообичаено издание, преполн со луѓе и бои
Помпеја, Италија, 2010 година