Кандидатот за претседател, професорот Блерим Река потекнува од интелектуално семејство. Неговиот татко е професорот Хамза Река еден од првите албански учители во Македонија, родум од Тетово. Професорот Хамза Река е еден од основачите на Албанолошкиот смер на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил генерален директор на Театарот на народностите во Скопје, учесник на Конгресот за Правописот на албанскиот јазик во Тирана 1972, како и автор на неколку учебници за граматиката на албанскиот јазик.
Мајката на Блерим, Најзмије Кастрати Река, потекнува од Карачево (Гњилане), таа е внука на Јакуп Карачева, еден од играорците на националниот ансамбл. Таа во својата 16. година ја завршила одделенската настава и како учителка почнала да просветува по школите во Прешево, Бујановац, Медвеѓе, Куманово, Рашче и во Скопје. Авторка е на неколку книги за деца, кои што ги подарила на повеќе библиотеки во основните и во средните училишта.
Сестрата на Блерим, покојната Дрита Река Гермизај, е една од првите телевизиски модераторки на албански јазик во 70 и 90 години од минатиот век, работејќи во Телевизија Приштина, а другата сестра Шкенидје Река Ѓакова е албанолог.
Блерим е роден на 22 мај, 1960 година. Основно и средно училиште завршил во Скопје, додека дипломирал и магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина. Докторирал на меѓународно јавно право, во заедничката докторска програма на Универзитетите во Приштина и во Грац, под ментoрство на проф. д-р Волфганг Бенедек. Специјализирал „Global Governance“ на Универзитетот Харвард и беше Fulbright професор во САД, (University of South California, Los Angeles). Предавал на правните факултети во Универзитетите во Болоња, Калабриа, Гент, Лувен, Грац, на Јужна Флорида – USFSP, Универзитетот на Јужна Калифорнија, и др.
Некое време предавал на Факутетот за политички науки на Универзитетот во Приштина и на Правниот факултет во Тетово. Неговиот матичен универзитет денеска е Универзитетот на Југо-Источна Европа, каде што е редовен професор по меѓународно јавно право, меѓународни односи и Право на ЕУ), каде што бил и про-ректор и декан.
Член е на Советот за европски интеграции на МАНУ, експерт за поглавјето 24 во Националниот конвент за интегрција на Република Македонија во ЕУ, како и експерт за Западен Балкан во Geopolitical Intelligence Service, на принцот од Лихенјштајн.
Од 2006-2010 бил амбасадор – шеф на Мисијата на Република Македонија при ЕУ, во Брисел. Автор е на 19 книги, од полето на меѓународното право, меѓународните односи и правото на ЕУ. Освен албанскиот, кој му е мајчин јазик, зборува македонски, англиски и француски јазик. Оженет е, татко на три деца и дедо на две внуки и двајца внуци.
Напомена: Забрането е преземање на фотографиите кои се од личната архива на семејството на Река, а се дадени за употреба на порталот Плусинфо и за печатеното издание на „Слободен печат“
Блерим со сопругата
Блерим со сопругата, ќерката и со зетот