Од самитот на лидерите во Тирана: Ќе се гради граничен премин Лојане – Миратовац, на Ќафасан One Stop Shop

868

Духот на инклузивност и на добрососедските односи што го поттикнаа состаноците за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан донесе повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот е еден од заклучоците на третиот состанок за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан што денеска се одржува во Тирана.

На состанокот, како што соопштија од владата, е заклучено взаемната
поддршка при природни катастрофи и вонредни состојби да биде вклучена како
уште еден столб во унапредувањето на соработката во регионот, и во таа
насока во февруари во Белград, надлежните институции на секоја од земјите
од Западен Балкан ќе го потпишат документот Протокол од Драч за соработка
на дирекциите за заштита и спасување.

На состанокот е соопштено дека наскоро ќе почне изградбата на новиот граничен премин Лојане – Миратовац, а царинските дирекции на земјава и на Албанија ќе го потпишат договорот за One Stop Shop за граничниот премин Ќафасан.

– Главната цел на овие One Stop Shop, односно гранични контроли со едно застанување наскоро да станата – Нон Стоп Шоп, односно премини без застанување, и како придонес за остварување на оваа постапка ќе биде и воведувањето на бесхартиен систем кој ќе ги поедностави царинските постапки. Во таа насока за истакнување се и неодамнешните одлуки донесени во рамките на ЦЕФТА, за време на претседателството на Албанија, особено одлуката за автоматско признавање на овластени економски оператори, и унифицирањето на процедурите за работни дозволи за сите граѓани во сите држави во регионот –  велат од Владата.

Лидерите на земјите учеснички и на оваа средба го реафирмираа ставот дека оваа иницијатива има за цел да ја забрза соработката за да се олесни и забрза процесот на европска интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан, и дека таа е отворена за сите шест земји во регионот.

На состанокот во Тирана лидерите од Западен Балкан позитивно го оценија охрабрувањето на Европската комисија, на политичките и финансиските институции на ЕУ, на Регионалниот совет за соработка, како и на Светската банка, и другите приврзаници на европската перспектива на регионот за поддршката во спроведувањето на иницијативите што произлегоа од овој процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...