На прилепчанец од ранец му украле 8.8 милиони денари во Струга

503

Прилепчанец пријавил во полиција дека тројца разбојници му го украле ранецот во кој имал 8,8 милиони денари.

Вчера во Струга во 14,20 часот Д.З.(26) од Прилеп пријавил дека на улицата Битолски конгрес физички бил нападнат од три непознати лица кои потоа го испрскале со солзавец и му го земале ранецот. Според пријавата, во него имало 8,8 милиони  денари.

 

Полицијата информира дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...