По повод претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан што утре и задутре ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ како и во ВИП Арена (сала „Борис Трајковски“), од денеска (17.04) од 15.00 часот, па се до до 15.30 часот во четвртокот (19.04) СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.
Со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците Јадранска магистрала, Скупи, делови од булеварите 8-ми Септември и Илинден, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот „Александар Палас“).
Исто така, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром.