Бензинот „еуросупер БС-95“ од полноќ поскапува за половина денар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“, на „еуродизелот“ и на „екстра лесното масло за домаќинство“ останува непроменета.
Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „еуросупер БС-93“ ќе изнесува 71,50 денари за литар.
Цената на „еуросупер БС-98“ останува 73 денари, на „еуродизелот“ 62,50, а на „екстра лесното масло за домаќинство“ 51,50 денари.
Согласно одлуката, се намалува цената на мазутот и ќе изнесува 33,65 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар последните две недели, изнесуваше 73, 86 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,43 денари за долар