Од палатата на Черчил украдена златна тоалетна школка вредна 5 милиони долари

Во палатата Бленхајм, тоалетот беше инсталиран веднаш до просторијата во која е роден Черчил.

380

18- каратната златна тоалетна школка е украдена во текот на ноќта од палатата Бленхајм, во која се родил Винстон Черчил.
Крадците во раните утрински часови, околу 5 часот утринава, насилно влегле во палатата и ја украле златната школка вредна околу 5 милиони долари. Школката наречена „Америка“ не е пронајдена, но полицијата уапсила еден 66-годишен маж како осомничен за кражбата.

Златната школка била изложбен предмет, дел од концептуалната изложба на уметникот Маурицио Кателан, што била отворена во четвртокот.

Поради грабежот, настанала поплава и значителна штета во палатата, бидејќи школката била вградена и функционирала како и секоја друга, па уметникот претходните два дена ги повикувал посетителите да ја користат. Уметникот ја проценува златната школка на над 5 милиони долари.

Палатата од каде е украдена златната тоалетна школка е на пописот на светското културно наследаство на УНЕСКО и е место каде што е роден поранешниот британски премиер Винстон Черчил. Додека трае истрагата, палатата ќе биде затворена за посетители.

Во палатата Бленхајм, тоалетот беше инсталиран веднаш до просторијата во која е роден Черчил. Каталогот на изложбата вели дека делото може да се процени како коментар за социјалната, политичка и економска разновидност на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...