Во брза и ефикасна полициска акција на главниот булевар во Тетово, попладнево, околу 17 часот, се запленети 22 килограми марихуана, пишува „Алсат“.
Како што дознава телевизијата, по навремени оперативни сознанија, дрогата е пронајдена во автомобил марка „мерцедес“ со скопски регистарски таблички.
Приведени се две лица, жители на Дебар, едниот од нив е возач на автомобилот, но не е исклучено инволвираност и на други лица.
До овој момент не е познато од каде е дрогата и за кој пазар е наменета.