Од мали нозе се учи како да се трошат парите

Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, финансиската писменост и познавањето на финансиските услуги и производи е предуслов за носење правилни финансиски и инвестициски одлуки.

161

Министерството за финансии во следниот период најавува интензивирање на кампањата за финансиска едукација.

Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, финансиската писменост и познавањето на финансиските услуги и производи е предуслов за носење правилни финансиски и инвестициски одлуки.

Од Министерството за финансии информираат дека училиштата и факултетите можат да закажат посета и предавања за финансиска едукација преку е-мејл адресата edukacija@finance.gov.mk.

Во рамки на Глобалната недела на парите, Министерството за финансии има организирано повеќе посети и предавања на основни и средни училишта. Кон акцијата се приклучи и министерот Тевдовски, кој вчера одржа предавање во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а следната недела се очекува тоа да го стори и на Универзитетот во Штип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...