Од кај Џафери тврдат: Каменот за 27 април е таму каде што бил поставен

Потпретседателката на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази, денеска од пред Собранието изјави дека на овој датум минатата година заедно со претседателот на Собранието, Џафери, поставиле камен со натпис „27 април 2017 година“ како симбол на соборување на режимот, но дека тој уште не е поставен пред Собранието.

301

Каменот со натписот „27 април 2017 година“ стои на истото место каде бил поставен минатата година, тврдат од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери, откако денеска на  прес конференција од Алијансата за Албанците го побараа каменот пред Собранието.

Потпретседателката на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази, денеска од пред Собранието изјави дека на овој датум минатата година заедно со претседателот на Собранието, Џафери, поставиле камен со натпис „27 април 2017 година“ како симбол на соборување на режимот, но дека тој уште не е поставен пред Собранието.

– Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше избран токму на овој ден, вети дека овој камен ќе го постави на влезот на Собранието, за да го одбележи овој ден. И по една година, не се знае каде заврши тој камен, па затоа сакаме да знаеме каде остана ветувањето на Талат Џафери, и зошто каменот не е поставен на влезот на Собранието – праша Абази.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...