По повод Светската недела на доењето, здружението на граѓани „Матрона“ го најавува проектот „Breastfeeding Friends – Пријатели на доењето“ чија цел е градење на заедница на субјекти/поддржувачи (ресторани, кафулиња, компании, институции) кои ќе помогнат во подигнување на свеста за доењето.
„Преку најразлични активности ќе се обидеме да придонесеме сите субјекти/поддржувачи заедно со нас да помогнат и да го олеснат процесот на доење за сите мајки. Како дел од активностите во овој проект, НВО Матрона ќе направи истражување преку анкетирање на целните групи. Целта на анкетата е да ја истражиме спремноста на општеството во поддршката на мајките за јавно доење и да дадеме поттик за сите идни мајки да ги дојат своите бебиња.
Ги покануваме сите релевантни субјекти/поддржувачи од јавниот и приватниот сектор да се вклучат во овој проект и да бидат дел од “Breastfeeding Friends – Пријатели на доењето” заедницата“, велат од здружението.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.