Митко Чавков и уште петмина првостепено осудени за настаните од 27 април 2017 година, ја навна седница денеска во Апелацискиот суд во Скопје побараа да им биде укината мерката притвор.
Тие бараа да се бранат од слобода додека пресудата да стане правосилна, бидејќи од претходно имаат поднесено и им се прифатени гаранциите во имот дека нема да бегаат.
Меѓу петмината беше и ексдиректорот на УБК, Митко Чавков, кој има гаранција од 600.000 евра. Неговата одбрана понуди и документ од катастарот на Халкидики дека тој таму не поседува вила што беше една од причините да му одреди притвор поради опасноста од бегство.
Покрај Чавков, укинување на притворот бараа и Душко Лазаров од МВР, Горан Ѓошевски Леви кој беше шеф на личното обезбедување на Трајко Вељаноски, Абдулфета Алими дел од собраниското обезбедување и Никола Митревски Кољо, еден од насилниците.