Од кал да е, Алексис, сепак Бранко е

Интересно толкување за потеклото на името Алексис.

1934

Алексис (грч. λεξις, ст. грч. λεξις) по нашки е Бранко, од глаголот ἀλέκω (во епската поезија ἀλέξω бранам, заштитувам), пишува на Фејсбук јазичарката Светлана Кочовска Стевовиќ.

– Од истиот глагол е и името Александар (грч. Αλέξανδρος, ст. грч. Ἀλέξανδρος), кое е сложенка од ἀλέξω бранам и ἀνήρ, ἀνδρός маж. Значи, Алексис е Бранко, а Александар? Бранимаж? Бранољуд? – додава таа.

Ете, како што покажува историјата, од името Бранко Македонија не може да избега. Како што е познато, една од водечките личности на македонската политичка сцена во првите 20-тина години на независна Македонија беше Бранко Црвенковски, кој сепак не дочека да учествува активно во завршницата од решавањето на 25-годишниот спор околу името.

Фото: Плусинфо

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...