Од денеска термин за лични карти и пасоши можете да закажете и преку мобилен телефон

2340

Oд денеска може да закажувате термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072929292, информираше Министерството за внатрешни работи.

„Покрај онлајн закажувањето преку веб страната на МВР (http://termin.mvr.gov.mk/) и со закажување преку фиксен телефон на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072929292. Обезбедени се 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи“, соопштија од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...