Од гробиштата во Бања Лука ексхумирани останките на Давид, родителите го носат во Австрија

325
ФОТО: МИА

Посмртните останки на Давид Драгичевиќ, момчето кое под неразјаснети околности смртно настрада во Бања Лука пред една година, ексхумирани се денеска за на барање на родителите да бидат пренесени во Австрија.

Неразјаснетите околности на смртта доведоа до формирање иницијатива „Правда за Давид“ и беа организирани масовни протести со цел разјаснување на случајот.

„Правда за Давид“ одекнуваше утрово на бањалучките гробишта, додека насобраните го повторуваа слоганот кој стана своевиден симбол против власта на Милорад Додик, која семејството ја обвинува дека настојува да ја прикрие вистината. Тие сметаат дека нивниот син е убиен, а полицијата и власта настојуваат да ги заштитат извршителите.

Мајката на Давид рече дека неговото тело ќе биде префрлено во Австрија, каде и живее семејството, со цел „тој да го најде својот мир“.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...