Од грип почина и 24-годишна девојка на КАРИЛ

758

Грипот ја однесе и втората жртва во земјата.

Поради компликации од сезонскиот грип на КАРИЛ завчера починала 24-годишна девојка. Станува збор за пациентка со Даунов синдром. Прексиноќа на Клиниката за детски болести исто така поради компликации од грип, починало и 5-годишно девојче од Скопје, кое два дена претходно било лекувано на Институтот за белодробни болести кај децата во Козле.

За само два дена, грипот зема две жртви. Според последните извештаи на ИЈЗ, сезоната на грипот се уште не е почната, бидејќи пријавени се релативно мал број заболени.

Се очекува бројот на заболени да расте. Лекот „тамифлу“, според надлежните, го има во доволни количини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...