Од вторник ќе се зголеми снежната покривка на планините, а ќе се формира нова и на пониските места

812

Утре времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој наместа ќе достигнува 80км/час. Под влијание на влажен бран попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд кои преку ноќта во западните делови ќе преминуваат во снег и ќе имаат пообилен карактер.

Од вторник, под влијание на студен бран од север ќе настапи  значително заладување со  локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира и на пониските места, соопштуваат од Авто мото сојузот на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...