Од бутикот „Гуп“ во Њујорк, сопственост на американската глумица Гвинет Палтроу, засега непознат сторител украл женска чанта со вредност од 23.000 долари.
Вработените не забележале веднаш оти скапата чанта недостасува. Таа е украдена на 30 јануари, кога штетата била пријавена во њујоршката полиција.
Камерите во објектот снимиле маж во своите 20-ти, кој скоро незабележително отвора една од стаклените витрини, ја зема чантата и излегува без да ја плати.